Со наближувањето на Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ФИФА најави сериозни новини кои ќе донесат промени во текот на играта.
Меѓу клучните измени што ќе стапат на сила се неколку мерки насочени кон дисциплина и динамика:
– Фудбалерите што ќе бидат заменети ќе мора да го напуштат теренот во рок од 10 секунди, во спротивно тимот ќе мора да чека дополнителна минута да се направи замената.
– Изведувањето на аут ќе биде временски ограничено – доколку не се изведе во рок од пет секунди, топката ќе му припадне на противникот.
– Играчите што добиле лекарска помош ќе мора привремено да излезат од игра и да се вратат по една минута.
– ВАР сега може да проверува и втори жолти картони и одлуки за корнер доколку има „јасна и очигледна грешка“.
Светското првенство почнува за нешто повеќе од два месеци односно на 11 јуни, а финалето е закажано за 19 јули.