САД и Иран водат индиректни разговори со пораки испратени преку Пакистан, а Турција и Египет, исто така, даваат поддршка, изјави денеска шефот на пакистанската дипломатија, Мохамед Ишак Дар, во објава на Икс.
„Всушност, индиректните разговори меѓу САД и Иран се водат преку пораки пренесени од Пакистан“, напиша заменик-премиерот на својот профил на Икс.
Тој истакна дека во медиумите имало непотребни шпекулации за мировни разговори за прекин на тековниот конфликт на Блискиот Исток.
Ишак Дар потврди дека САД предале план од 15 точки што во моментов се разгледува од Иран.
Братските земји Турција и Египет, меѓу другите, исто така ја изразија својата поддршка за оваа иницијатива, нагласи тој.
„Пакистан останува целосно посветен на промовирање на мирот и продолжува да вложува максимални напори за да обезбеди стабилност во регионот и пошироко. Дијалогот и дипломатијата се единствениот пат напред“, истакна пакистанскиот прв дипломат.
Британските медиуми пренесуваат дека, истовремено, Пакистан ги продолжува своите воени операции во Авганистан откако заврши привременото примирје објавено за муслиманскиот празник Рамазан.
Борбите меѓу доскорешните сојузници кои во станаа лути непријатели започнаа минатиот месец. Кабул соопшти дека повеќе од 400 лица беа убиени минатата недела во пакистански воздушен напад врз рехабилитациски центар во авганистанскиот главен град.
Пакистан го негираше тврдењето на талибанците, оддавајќи дека нападот бил „прецизно насочен кон воени инсталации и инфраструктура за поддршка на терористите“.