Македонија надлежните вршат испитување и анализа на проблемот

Труење со храна во РЕК Битола: 81 вработен побарале лекарска помош

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.

– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија, изјави Сидиропулос.

Здравствените проблеми на вработени во РЕК Битола беа регистрирани денеска, а надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.

Најнови вести од Македонија

To top