Свет

Маж упадна во Амбасадата на Кина во Токио

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан изјави дека маж, кој тврдел дека е активен офицер на Јапонските сили за самоодбрана утрово насилно влегол во Амбасадата

Маж упадна во Амбасадата на Кина во Токио

Кина упати протестна нота до Јапонија поради насилниот упад во Кинеската амбасада во Токио и побара темелна истрага, казна за одговорните и јапонските власти да дадат објаснување за инцидентот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан изјави дека маж, кој тврдел дека е активен офицер на Јапонските сили за самоодбрана утрово насилно влегол во Амбасадата.

– Лицето призна дека неговите постапки се незаконски и се закани дела ќе го убие кинескиот дипломатски персонал во име на Бога, истакна Лин.

Тој додаде дека Јапонија мора да ја гарантира безбедноста на Амбасадата и на персоналот во Амбасадата и во Конзулатот и да спречи такви инциденти.

To top