Спикерот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, негираше дека се воделе разговори меѓу Иран и САД, повторувајќи ја изјавата на Министерството за надворешни работи, пренесоа „Ал џезира“ и Би-би-си.
-Не се водени никакви преговори со САД, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и нафтените пазари и за бегство од калта во која се заглавени САД и Израел, напиша тој на X.
Иран бара „целосна и покајничка казна за агресорите“, рече спикерот во друга објава.
Иранските официјални лица „цврсто стојат зад својот врховен водач и народот додека не се постигне оваа цел“.