Македонија Просечна плата: 509L во '26-та, 277,5L  дизел во '22-ра

ИМА ЛИ РАЗЛИКА? Во 2022 г. со минимална плата 141 литар, во 2026-та 256 ЛИТРИ ДИЗЕЛ ГОРИВО со истата!

Споредбата е едноставна:

МИНИМАЛНА ПЛАТА: 2022-та  – 141 литар дизел.

                                      2026-та  – 264 литри дизел. Скоро дупло!

ПРОСЕЧНА ПЛАТА:    2022-ра  –  277,5 литри дизел

                                    2026-та  – 509 литри дизел . Скоро дупло!

ИМА ЛИ РАЗЛИКА? Во 2022 г. со минимална плата 141 литар, во 2026-та 256 ЛИТРИ ДИЗЕЛ ГОРИВО со истата!

Сите манипулации на СДС паѓаат во вода. Како кула од популистички, мизерно евтини карти. Фактите не лажат, бројките исто. Споредбата на куповната моќ на македонскиот граѓанин во 2022-та и 2026-та е повеќе од драстична, ѓоамити се работи за две сосема различни земји. Небаре, меѓу нашата Македонија и нивната Северна.

Тогаш Корона криза, сега војна во Иран и светска криза со горива. Разликата е во двете влади. Немерлива.

Првата состојба е Македонија во 2022-та година јуни месец, време на владеење на СДС, кога дизелот го достигнува пикот од 107,5 денари за литар. Владата не прави ништо околу ДДВ-то за горивата. Односно, прават – манипулираат, лажат, продаваат ветер за магла, се вадат на короната, оти – така било во цел свет!? Она што го прват и сега и она што единствено го знаат. Т.е. – не прават ништо друго, освен што продаваат гола демагогија, дефоскусираат, извитоперуваат, лажат-сушат.

 

За споредба, кога СДС беше на власт, немаше ни војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ достигна до неверојатни 107.5 ДЕНАРИ, а бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари. Податоци од РКЕ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29. 839 денари. Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари. Податоци од ДЗС.

Во превод:

Во 2022 година со Зевци,  Ковачевци и Филипчевци со 107.5 денари литар гориво со минимална плата сме можеле да купиме бедни 141 литар дизел гориво.

Со просечна плата во 2022-та сме имале платежна моќ за минорни 277, 5 литри дизел.

 

Како е денеска? Драстично поразлично

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари, сега во 2026-та е над 46.889 денари.

Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари, во 2026-та изнесува 24.379,00 денари. Податоци на ДЗС.

Денеска, литар дизел изнесува 92 денари.

 

Во превод:

Во 2026-та со просечна плата од над 46.889 денари можете да купите 509 литри дизел гориво.

Во 2026 минимална плата  24.379 денари можете да купите 264 литра дизел гориво.

 

Споредбата е едноставна:

МИНИМАЛНА ПЛАТА: 2022-та  – 141 литар дизел.

                                             2026-та  – 264 литри дизел. Скоро дупло!

 

ПРОСЕЧНА ПЛАТА:    2022-ра  –  277,5 литри дизел

                                          2026-та  – 509 литри дизел . Скоро дупло!

 

Што повеќе да се каже околу перформансот на владата на СДС и на владата на ВМРО-ДПМНЕ?

Секој коментар е сувишен.

 

 

П.С.

И покрај двојно подобриот перформанс на оваа влада, таа за разлика од онаа на СДС/ДУИ сега донесе и итна мерка за намалување на ДДВ-то на горивото од 18% на 10%. СДС/ДУИ не го сторија тоа и покрај бедотијата во која не навасаа. Битно им беше само да си ги полнат џебовите. За кое полнење „сметката“ доаѓа периодов…

Има ли разлика?

НЕ ДА ИМА… Велат кај нас.

Северните соседи на насила северизираната држава се најпластични на ова поле, нешто што се употребува и во Македонија, тие ОКОЛУ РАЗЛИКАТА би рекле:

„КАО БОГ И ШЕШИРЏИЈА“…

Најнови вести од Македонија

To top