Скопје Општина Гази Баба

Гробиштата Камник добиваат сообраќајно решение

Создаваме простор каде што граѓаните ќе можат мирно и без стрес да им оддадат почит на своите најблиски. Продолжуваме посветено, чекор по чекор, да градиме општина по мерка на граѓаните, посочи Стефковски.

Гробиштата Камник добиваат сообраќајно решение

Започнавме со реконструкција на пристапниот пат кон гробиштата Камник — проект што предолго чекаше, но конечно добива вистинска реализација. Ова не е само уште една градежна активност, туку исполнување на едно децениско барање на граѓаните, најави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Во првата фаза инвестираме 8.164.884 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата на Македонија. Но тука не застануваме — веднаш продолжуваме со дополнителни 7.000.000 денари од буџетот на општината за целосна доизградба на улицата. Со овој проект, пристапот до гробиштата Камник конечно добива современо и функционално сообраќајно решение. Се воспоставува кружен тек со влез од улицата Јужноморавски бригади и излез кон Сингелиќ кај Клакер. Решение што значи поголема проточност, помал метеж и безбедно движење за сите учесници во сообраќајот, вели тој.

Градоначалникот потенцира дека паралелно, како општина се во постојана комуникација со АД Бутел, во тек е подготовка на урбанистичко-планска документација која ќе овозможи проширување на гробиштата и изградба на капела.

-Планираме долгорочно, одговорно и со визија за иднината. Овој проект носи повеќе од инфраструктура — носи ред, достоинство и почит. Става крај на долгогодишните гужви, сообраќајниот хаос и метежот, особено за време на празниците. Создаваме простор каде што граѓаните ќе можат мирно и без стрес да им оддадат почит на своите најблиски. Продолжуваме посветено, чекор по чекор, да градиме општина по мерка на граѓаните, посочи Стефковски.

To top