Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните. Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Протестот во саботата кој беше организиран од страна на кадрите на СДС облечени во синдикални маички, доживеа дебакл и ги делегитимира ССМ уште повеќе. Ниту СДС, ниту ССМ, а уште помалку Трендафилов и неговата дружина се интересираат за работничките права, нив ги интересираат своите цели и интереси, кои ги добиваат по заслуга на работниците. Работниците и нивните права се злоупотребени од СДС и ССМ, само за истите да дојдат до медиумско внимание. Каде е ССМ, таму е СДС. Каде е СДС, таму е и ССМ. Меѓу овие две организации веќе нема разлика. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС ќе продолжи и натаму да ги зголемува платите и да го подобрува стандардот на граѓаните, порача Петрушевски.