Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, испрати празнична честитка до припадниците на Српската заедница во Република Македонија.
Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение:
Дозволете ми во свое лично име и во името на граѓаните на општина Гази Баба да Ви го честитам 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.
Свети Сава е дел од плејада на свети личности, мислители и дејци кои со својата неуморна просветителска дејност им оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи.
Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла.
Македонскиот и српскиот народ се пријателски народи кои секогаш се тука едни за други!
Ви посакувам добро празнично расположение, убава домашна атмосфера и многу здравје, среќа и успех во новата 2024 година! Нека е честит и вечен денот!