При претрес на пакет за затвореник во КПУ Затвор Идризово откриени марихуана и бела прашкаста материја
-На 15.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот, при претрес на пакет за осуденикот Е.Д. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Се работи на расчистување на случајот, се вели во билтенот на МВР.