Македонија воздушна поддршка во гаснењето

ВИДЕО: Армискиот хеликоптер исфрли 32 тони вода врз пожарот на Јабланица

Дејствувањето на армискиот хеликоптер беше во координација со ЦУК.

ВИДЕО: Армискиот хеликоптер исфрли 32 тони вода врз пожарот на Јабланица

Пожар на исклучително тежок и непристапен терен избувна на планината Јабланица, по што во гаснењето беше вклучен хеликоптер на Армијата.

Интервенцијата од копно во гаснење на овој пожар била значително отежната, па армискиот хеликоптер бил ангажиран како воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.

-Воздухопловниот ВИНГ на Армијата утринава со почеток од 7:40 часот беше вклучен во гаснењето на шумскиот пожар на планината Јабланица, во реонот на општина Струга. Во времетраење од три часа армискиот хелихоптер Ми 8/17 исфрли 16 ведра (32 тони вода), информираа од АРМ.

Дејствувањето на армискиот хеликоптер беше во координација со ЦУК.

Најнови вести од Македонија

To top