Човекот кој е најзагрижен доколку има предвремени избори, повторно си ја „ишка мувата од капата“ и превентивно (за да – не дај Боже не се случи истото) ламентира за некакво предвремено соочување со гласачите. Кој друг, ако не Венко Филипче. Заев Трети, како што го викаат по кулоарите. Ковачевски е вториот. Свесноста дека ако има предвремени, тој ќе мора да си даде оставка, очебијно многу го тишти октроираниот лидер на СДС, кому му е јасно „ко ден“ дека нема да преживее втор пораз како „лидер“. Тогаш, дури и другарчето, совозач и сожуркаџија Заев ќе мора да го откачи. Под „хитно“. А губење на лидерска позиција да не ти било добро во случај на кривичен прогон…
И така, „ничим изазваним“ претставникот на најпознатата тендер коалиција СДС/ДУИ во историјата на Македонија плачливо ќе срочи во последното интервју:
„Дали ќе бидат наесен или на пролет, сè зависи од брзината на распишување тендери и од брзината на добивање нови кредити со високи камати, кои ќе ги враќаат нашите внуци“, свика Филипче, во уплав од можноста за избори.
Во интервјуто, тој призна кои се трите „столба“, три измислици околу кои се врти и ќе се врти неговиот лажен наратив, три тешки, индолентни небулози: Дека политиката на власта била очигледна – изолација, избори, мигранти за пари.
„Како што рековме изолација, избори, па мигранти за пари. Изолацијата е во тек, се спроведува. За американски визи сме ставени во група со земји од третиот свет (тешка лага, тоа е за мигранти во САД, не за граѓаните и бизнисмените), а Европската Унија директно вели нема понатамошно продолжување на преговорите додека не се донесат уставните измени (услов прифатен од Заев Втори, т.е. Таче). Од друга страна, Мицкоски вели дека нема разговори за тоа додека тој е на чело на влада “, рече Заев Трети, т.е. Филипче.
Внимавајте, политикантите се „возат“ на ИЗОЛАЦИЈА, ИЗБОРИ И МИГРАНТИ ЗА ПАРИ. Три апстрактни глупоштии, веројатно смислени од малициозниот лик кој тепа жени и истовремено маршира против насилството врз истите.
1. За мигрантите пред само една недела го демантираше и му плесна силна шлаканица самиот британски амбасадор Метју Лосон. Сега фатени со „смкнaти гаќи“ сменија лента во урнебесни „економски работници“. Нова, цепки епизода од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“.
2. Избори ќе има, но во редовен термин, сто пати потврдија државниот врв и премиерот Мицкоски. (т.е. смири се Венко, нема потреба од нова бајачка кај Иван Исцелител)
3. Изолација? Изолацијата е само во луцидниот ум на Венко, Фани и Шмрчко, инфантилна демагогија која не минува ниту кај портирот на Бихаќка. Нешто што не може да го сфати партијата за која врвен меѓународен успех беше смена на име на држава, устав и редовен и орен потписник на се’ што некој ќе посака. Гушкањето на Црпко со Ципрас и Бојко не беше неизолација, туку резил, дипломатски ајвани и дунстери низаедни.
Сепак, за едно е право. Кодошлукот и антимакедонизмот остануваат класичен белег на лидерите создадени според ликот на Заев. Таков беше Зоран, ист беше Таче, а Венко можеби и ја предводи тројката. Така, со сиот ум Филипче на голем ќеф на официјална Софија во интервјуто „предупреди“ за некакви си намерно создавани конфликти со соседните држави од страна на владата на ВМРО, што, замисли, дополнително да ти ја туркало државата кон „изолација“, но и кон нов изборен циклус со цел продолжување на владеењето на актуелната власт (ете ја пак болката на Филипче).
„Намерно создавање конфликти со Грција и Бугарија. Вицепремиерот познат по своето директно учество во ширењето на руското влијание во Македонија, вели влегуваме заедно со Вучиќ во ЕУ, а тие објавија дека Србија застанала со евроинтеграциите поради донесување спорни закони во правосудството и не дека е стопирана, туку дека отишла наназад. Што ни следи потоа? Избори! За да се продолжи владеењето на овој режим уште четири години. Уште четири години тендери и луксуз. Да се обезбедат и правнуците. И, секако, тука е потребно да се обезбедат пари за тој луксуз, а тука доаѓа забранетата тема – мигранти, односно „економски работници“, истресе Филипче, во чиј опис на „работата“ на власта „од збор до збор“ ачик се препознава дејствувањето на владата на Заев и Таче. Сипањето песок во сојузничката (македонска) осовина, исто.
На кого ви „текнува“ кога ќе се каже следното (бекнато од Филипче) „За да се продолжи владеењето на овој режим уште четири години. Уште четири години тендери и луксуз. Да се обезбедат и правнуците.“ На претходниците на Венко, се разбира. Оти, тие така и само така ја гледаат власта. Полнење на џебовите, арамилак без усул, продажба на државните интереси. Кроки опис на „владеењето“ на СДС.
Имајќи предвид кој медиум го правеше интервјуто, „заборавија“ да го прашаат каде е е Заев.
За да ја исправиме грешката и во интерес на јавноста, ќе прашаме ние.
Филипче, каде е Заев и зошто не е во Македонија?
Онака, за другарче прашуваме.