Македонија раст на бројот на странски и домашни туристи

6,2% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ЈАНУАРИ – Најмногу од Турција и Србија

Од вкупниот број туристи 38,2 % се домашни туристи, а 61,8%  се странски туристи. Домашните туристи оствариле  45,5% од ноќевањата, а странските 54,5%.

6,2% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ЈАНУАРИ – Најмногу од Турција и Србија

Бројот на туристи во јануари на годишно ниво е зголемен за 6,2%, а бројот на ноќевањата е намален за 2,7%, покажуваат податоците на државниот завод за статистика објевени денеска.

Интересно е тоа што бројот на домашните туристи во јануари на годишно ниво е зголемен за 10,1%, а на странските туристи е зголемен за 3,9%. Во однос на ноќевањата  кај домашните туристи ноќевањата се зголемени за 4%, а кај странските се намалени за 7,7%.

Податоците покажуваат дека само во јануари во земјава се регистрирани 52.943 туристи кои оствариле 103.983 ноќевања.

Од вкупниот број туристи 38,2 % се домашни туристи, а 61,8%  се странски туристи. Домашните туристи оствариле  45,5% од ноќевањата, а странските 54,5%.

Најмногу странски туристи во јануари дошле од Турција (6.732), од Србија (3.563) од Бугарија (3.256) и од Грција (3.060).

Најнови вести од Македонија

To top