Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе продолжи со агресијата врз Иран, а претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф ја отфрли секоја сугестија дека Техеран бара прекин на огнот.
Нетанјаху на состанокот со претставниците на здравствениот сектор изјави дека целта на владата е да го натера иранскиот народ да се ослободи од оковите на тиранијата.
– На крај сè зависи од нив, посочи Нетанјаху.
Во меѓувреме Калибаф демантираше дека бара примирје.
– Дефинитивно не бараме прекин на огнот, веруваме дека агресорот мора да биде удрен по уста за да ја научи лекцијата, никогаш да не помисли да го нападне нашиот сакан Иран. Ционистичкиот режим го гледа своето срамно постоење како продолжение на циклусот војна-преговори-прекин на огнот, потоа повторно војна со цел да ја консолидира својата доминација. Ние ќе го прекинеме тој циклус, објави Калибаф на Икс.