Средношколци од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт.
„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.
-Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, соопшти собраниската прес-служба.