Економија ДЗС

Намален бројот на невработени лица

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1,5 проценти споредено со 2024 година. Од нив 57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти жени.

Намален бројот на невработени лица

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6 проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Активното население брои 796 399 лица, од кои вработени се 704 617, а невработени 91 782. Стапка на активност изнесува 52,5, на вработеност 46,4, а на невработеност 11,5 отсто.

Од вкупниот број невработените лица, мажи се 61,4 проценти, а жени 38,6 проценти.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1,5 проценти споредено со 2024 година. Од нив 57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти жени.

ДЗС посочува дека учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени наведуваат дека се 94 847 лица што е за 11,5 проценти повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48,5 проценти, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,1 проценти во секторот Градежништво.

Со Законот за работно ангажирање на лица, кој почна да се применува од 1 јануари годинава, Владата очекува формализација на најмалку 18 000 сезонски работници во земјоделството и непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите. Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде сивата економија е најизразена – земјоделство, шумарство, рибарство, сместување, сервисни дејности за храна и активности во домаќинствата.

– Ако има потреба, ќе бидат проширени дејностите, особено дејноста градежништво, каде е најголемо барањето. Првин да ги видиме ефектите што би ги дал овој закон на крајот од годината. Ќе сублимираме, ќе видиме, ќе имаме состаноци со работодавачите, стопанските комори, секако и со синдикатите, рече во интервју за МИА заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

To top