Македонија

Цени на бензините во нашата земја најниски во споредба со соседите и со сите земји во регионот, нафта ќе има

Kако минуваат деновите на војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна, како и деновите во кои останува затворен Ормутскиот теснец низ кој минува 20 отсто од светската трговија со енергенси, така раснат „апокалиптичните“ сценарија за цената на гасот и нафтата, а со тоа и цената на бензините во светот, а кај нас.

Цени на бензините во нашата земја најниски во споредба со соседите и со сите земји во регионот, нафта ќе има

Kако минуваат деновите на војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна, како и деновите во кои останува затворен Ормутскиот теснец низ кој минува 20 отсто од светската трговија со енергенси, така раснат „апокалиптичните“ сценарија за цената на гасот и нафтата, а со тоа и цената на бензините во светот, а кај нас.

Се разбира, тоа создава погодно тло за пропагандни манипулации на домашен терен кои најчесто немаа врска со вистината.

Тоа што е интересно е, меѓутоа, дека во овој момент, нашата земја има најниска цена на бензините споредено со другите земји на Балканот, за Европа и да не зборуваме.

Така, во Скопје, во овој момент цената на бензинот Еуросупер БС 95 изнесува 74,5 денари што е 1,20 евра. Малку поскап е бензинот 98 кој изнесува 1,23 евра.

Нашите јужни соседи, Грците, меѓутоа, плаќаат извонредно висока цена на бензините споредено со нас. Така, во вторникот, на 2 март, цената на бензинот 95 во Атина изнесувала 1,76 евра, а на бензинот 98 – 1,83 евра. Дизелот, пак чини 1,54 евра што е 94,85 денари. Кај нас, дизелот со последната одлука на РКЕ се продава по цена од 71 денари. Да потенцираме, се работи за цени од вторникот – 3 март, а тоа е само три дена по почетокот на војната кога се очекуваше дека таа ќе заврши за 24-48 часа.

Албанија е посебно интересна, бидејќи би очекувале дека таму цената е ниска. Но, во Албанија утрово цената ан дизеелот е 184 леки што е 1,92 евра, бензинот 95 е 185 леки, dodeka povisoko oktanskiot e 189 леки или 1,97 евра, со тоа што таму цената варира низ целата држава и од бензинска станица до бензинска станица.

Моменталните цени на бензините во Албанија во леки од ова утро

Косово има понски цени на бензините од Албанија, но и таму се повисоки во споредба со нашите. Така цената на дизелот пред три дена изнесуваше 1,34 евра, на бензинот 95 – 1,33 евра, со тоа што според orainfo во последните 24 часа на некои места цената се зголемила до 1,38 евра. Моментално, дизелот на Косово чини 1,40 евра, додека бензинот 1,38 евра.

Интересна е ситуацијата во Бугарија каде би очекувале дека цените се повисоки односно дека цените се поблиску до тие во Грција, отколку до тие кај нас. Но, на пример, на бензинската станица ЕКО во Софија, на улица Панчо Владимиров, цените утрово изнесуваа 1,31 евро за бензинот 95, а 1,37 евра за дизел.

Во Србија цените се значително повисоки. Според последните податоци на нивните власти кои ги пренесува Б-92, цената на дизелот, од вчера 6 март од 15 часот, до наредниот петок – 13 март, ќе чини максимално 203 динари по литар, што е 1,73 евра по литар, а бензинот европремиум ќе чини 184 динари за литар, што е 1,57 евра.

Да одиме понатаму. Во Босна и Херцеговина, цените се околу 1,20 евра што е отприлика како кај нас.

Црна Гора – цените во овој момент се околу 1,33 со тоа „Вијести“ најавуваат дека од понеделник цените би можеле да поскапат дури за седум до осум центи.

Во Хрватска цената е 1,46 евра, во Словенија 1,44 итн. Но, ова се цените од пред неколку дена, така што допрва треба да се види како ќе реагира пазарот.

Ако одиме кон запад, на 2 март оваа година, цените во Германија за бензин од 95 октани изнесуваа 1,895 за литар, во Франција, 1,713 евра, во Данска 2,03 евра што е највисоко во Европа или меѓу највисоките, а во Швајцарија 1,84 евра.

Од сето ова може чесно да се заклучи дека нашата земја во овој момент има најниска цена на бензините во регионот, за Европа и да не зборуваме, така што непотребно е во овој момент околку тоа да се крева паника за некаков бензински Армагедон што следи ќе следи.

Вчера и министерката за финансии Димитриеска-Кочоска изјави дека нема потреба од кревање паника по ова прашање.

-Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече министерката алудирајќи на обидите за кревање паника не смао во однос на цените, туку и во однос на тоа дали воопшто ќе има нафта и горива.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека завчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има каков било проблем со залихи на нафта. Инспекторите во однос на цените и евентуални поскапувања, напомена, се на терен. Повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во тек на едно деноноќие.

Ако се оцени дека има потреба, вели министерката, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот, рече Кочоска.

Таа упати прашањата за цените на бензините и нафтата да се упатуваат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која, информира, ќе заседава в понеделник.

– Вчера сите нафтени компании, беа прашани една по една и сите рекоа дека се е во ред. Ако газдите не знаат каква е ситуацијата, не може ние да велиме дека не е како што треба. Нема потреба од создавање паника, а законите имаат предвидено се и институциите ќе постапат. Сите ја следиме состојбата и соодветно ќе реагираме. Во законот за акцизи има автоматски стабилизатори. Тоа значи, ако се прогласи кризна состојба во државата, по автоматизам министерот за финансии носи одлука за промена на цената на акцизата. Ако е цената на нафтата оди нагоре, намалувањето е 1, 2 и 4 денари зависно од тоа во кој праг влегуваме. Но, состојбата ја следиме, се е под контрола. Нема потреба граѓаните да чувствуваат паника. В понеделник, РКЕ, која е надлежна за цените, ќе се состане. Таа одлучува како независен орган. Ние како Министерство сме ги вградиле автоматските стабилизатори и ако има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и ние веднаш ќе постапиме. Во однос на претходни кризи и искуства гледаме дека ситуацијата е многу постабилна, но ние не сме експерти за нафта, најсоодветно е за тоа да ги прашате РКЕ – порача Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од Македонија

To top