Македонија инвестиција вредна 42 милиони евра

Поставен камен темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“- Мицкоски: Поставуваме темел на иднината, инвестираме во младите и во развојот на високото образование

Денес поставуваме темел на иднината, инвестираме во младите и во развојот на високото образование, изјави денеска во своето обраќање премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски при поставувањето на камен темелникот на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поставен камен темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“- Мицкоски: Поставуваме темел на иднината, инвестираме во младите и во развојот на високото образование

Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект, денес поставуваме темел на иднината, рече Мицкоски.

-Со започнувањето на изградбата на новиот модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја потврдуваме нашата цврста определба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование, рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски рече дека проектот претставува стратешка инвестиција во иднината на државата, инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој.

-Владата донесе одлука со која што се обезбедени вкупно 42 милиони евра, од кои што веќе 40 се наменети за изградбата а 2 милиони за надзорот на градбата со цел целиот процес да се реализира професионално, квалитетно и транспарентно, додаде Мицкоски.

Новиот кампус ќе се гради на површина од 31 илјади метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни објекти, амфитеатри, студентски простор, спортски сали, базен и инфраструктура која ќе одговара на потребите на современото високо образвание, појасни премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top