Македонија дкп-ата се на 24-часовно располагање на македонските државјани

Македонски државјани евакуирани од Израел, со владиниот авион тргнаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

Безбедноста на македонските граѓани е најважна, објави на Фејсбук министерот, Тимчо Муцунски.

Македонски државјани евакуирани од Израел, со владиниот авион тргнаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

Безбедноста на македонските граѓани е најважна, објави на Фејсбук министерот, Тимчо Муцунски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје. Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Воедно, финализирана е постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне да ги реализира летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со нашите ДКП-а. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва и понатаму се на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка, истакна Муцунски.

To top