Мене ми е многу жал за состојбата во која што во моментов се наоѓаат социјалдемократите, СДСМ. Нивни избор е, секако, тие го избираат начинот, тие го избираат дискурсот кој ќе го пласираат во јавноста, вели Оливер Шамбевски, поранешен пратеник и амбасадор, во гостувањето во „Наткаст“ на КУРИР кај Љупчо Цветановски.
Проблемот не го гледа само во последната скандалозна изјава на Венко Филипче кој ја спореди Македонија со Иран и Венецуела, туку во серија прес-конференции на СДСМ за кои вели дека се далеку од здравиот разум.
-Пласираат исклучиво лажни вести, се караат со други држави, со новинари, медиуми… Едноставно се чини дека не знаат каде тераат. Луѓе, не знаете каде терате. Во ваков клучен момент за глобалниот поредок, вие да покажете крајна несериозност, епска несериозност која можеби во друго време би била смешна и занимлива, едноставно немате оправдување за такво нешто во вакво време, посочи Шамбевски.
Шамбевски оценува дека СДСМ е партија која што е стара колку и Република Македонија и дека е недозволиво и несериозно таква партија да се доведе до ова дереџе.
-Последниве неколку години респектот кон нив се изгуби, тие стануваат мета за потсмев. Нивна обврска е, нивен генерациски долг е да излезат од оваа кал во која што се паднати, а според ова што го гледаме во моментов, не се на добар пат да го направат тоа, посочи Шамбевски.