Свет војна

ИРНА: Од почетокот на американско-израелската воена кампања против Иран загинаа најмалку 1.045 луѓе

Најмалку 1.045 војници и цивили се убиени од почетокот на американско-израелската воена кампања против Иран, објави Иранската новинска агенција (ИРНА), повикувајќи се на податоци од Фондацијата за прашања на мачениците и ветераните.

Иранската Црвена полумесечина вчера објави дека загинале 787 лица.

Во меѓувреме, во Женева, Комитетот на ОН за правата на детето повика на заштита на децата во услови на ескалација. Во соопштението, групата од 18 независни експерти наведе дека е „длабоко загрижена од ескалацијата на насилството на Блискиот Исток и сериозните последици по децата“.

Комитетот изрази загриженост поради извештаите за напади врз цивилна инфраструктура, вклучувајќи училишта и болници. Во соопштението се наведува наводниот напад врз женско училиште во градот Минаб, на првиот ден од судирот, во кој, според иранските власти загинаа повеќе од 160 лица.

Ниту Вашингтон ниту Тел Авив не го потврдија нападот. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Пентагон го истражува инцидентот.

To top