Скопје Градинката во населбата Усје

Стаменкоска Трајкоска се вклучи во креативниот процес, помагајќи им на дечињата во изработката на честитки

Верувам дека токму од овие најрани години се градат вистинските вредности. Гледајќи со колку љубов ги подготвуваат овие скромни подароци, сигурна сум дека растеме генерација која ќе знае да ја вреднува секоја жена во текот на целата година, а не само на овој празник, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска се вклучи во креативниот процес, помагајќи им на дечињата во изработката на честитки

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја посети градинката во населбата Усје.

Таа активно се вклучи во креативниот процес, помагајќи им на дечињата во изработката на честитки и креативни изработки. Оваа средба беше искористена за разговор за важноста на почитта која треба да се негува кон секоја жена уште од најрана возраст.

Ракотворбите што денес беа подготвени, во наредните денови ќе бидат подарени како симболичен гест на внимание.

-Денешната дружба со дечињата во Усје е многу повеќе од обична креативна задача. Сакавме преку игра и творештво да започнеме разговор за една исклучително важна тема – вредноста и почитта кон жената. Нашата цел е да ги научиме децата дека жената заслужува внимание и почитување не само во улогата на мајка, туку како личност, како професионалец и како столб на нашето општество. Верувам дека токму од овие најрани години се градат вистинските вредности. Гледајќи со колку љубов ги подготвуваат овие скромни подароци, сигурна сум дека растеме генерација која ќе знае да ја вреднува секоја жена во текот на целата година, а не само на овој празник, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top