Хроника

Уапсен маж: Тешко ја повредил сопругата, и се заканувал со огнено оружје

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Уапсен маж: Тешко ја повредил сопругата, и се заканувал со огнено оружје

На 01.03.2026 во 21:20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Н.(40) од селото.

-Полицијата постапила по претходна пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

To top