Каталонскиот гигант Барселона соопшти дека напаѓачот Роберт Левандовски заработил фрактура на лицето на дуелот против Виљареал и сигурно ќе го пропушти следниот натпревар.
Според клупското соопштение, тестовите покажале фрактура на коската од внатрешната страна на левата очна празнина, поради што Полјакот нема да биде во составот за пресметката со Атлетико Мадрид.
Од клубот не прецизираа колку ќе трае паузата, но постои можност Левандовски да се врати за дуелот со Атлетик Билбао.
Главната цел е тој да биде подготвен за четвртфиналето од Лига на шампиони против Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“ на 10 март.