СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој, неовластено набавил марихуана и семки од канабис, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист.
При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки канабис, а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.