Македонија Една од најтешките загуби во поновата историја

Ѓорѓиевски: Борис Трајковски беше повеќе од државник, тој веруваше во Македонија

Борис Трајковски беше повеќе од државник. Тој беше симбол на смиреност во тешки времиња, глас на разумот и човек што искрено веруваше во силата на единството. Со достоинство ја носеше функцијата претседател, но уште поголемо достоинство носеше во својата човечност, истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски: Борис Трајковски беше повеќе од државник, тој веруваше во Македонија

Пред 22 години, на овој ден, Македонија ја почувствува една од најтешките загуби во својата понова историја. Трагичната вест за падот на авионот со кој кон Мостар патуваше претседателот Борис Трајковски ја зави државата во тага, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Заедно со него, животот го загубија и осуммина членови на делегацијата, луѓе посветени на службата кон татковината. Борис Трајковски беше повеќе од државник. Тој беше симбол на смиреност во тешки времиња, глас на разумот и човек што искрено веруваше во силата на единството. Со достоинство ја носеше функцијата претседател, но уште поголемо достоинство носеше во својата човечност, истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски порача дека Трајковски веруваше во Македонија.

-Во нејзината иднина, во нејзините луѓе, во можноста да бидеме подобри и посилни заедно. Неговата визија за стабилна, демократска и европска држава останува патоказ и денес.
Со почит и благодарност се сеќаваме на неговото дело и на неговата жртва. Слава му и вечен спомен, посочи Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top