Во делот на злоупотребите со земјоделското земјиште, од првиот ден и формирањето на владата влеговме во еден сериозен процес на контрола на сите договори, почнувајќи од последните према назад бидејќи индициите говорат дека тука се најголемите злоупотреби направени и податоците се навистина загрижувачкии, истакна во своето гостување во поткастот „Наткаст“ на Љупчо Цветановски министероот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-Корисници на големи површини кои што користеле земјоделски субвенции од државата а истото земјиште го давале на подзакуп на оние кои што да речеме во атарот на селото молеле за дополнителна земјоделска површина, безброј договори раскинати, илјадници хектари ослободени кои што сега и во наредниот период со нови јавни огласи и повици ќе го ставиме на располагање кај оние кои што сакаат да обработуваат, изјави министерот Трипуновски.
Меѓутоа, еден од ресурсите кој што го користат од државата, а замислете законот предвидува за луѓе помлади од 40 години да бидат ослободени три години од плаќање закупнина како олеснителна околност за да влезат младите луѓе во процесот, рече Трипуновски.
-Оние кои што сакат да манипулираат со системот наоѓаат некој малад човек кој што го ставаат за управител во фирми и т.н, аплицираат, го добиле од претходната власт на користење, за такви примери поднесов и официјални поретставки до Обвинителството, до МВР за постапување. Значи користат такви млади луѓе, три години не плаќаат на државата, значи по однос на закупнина, тоа се илјадници евра, тоа се стотици илјади денарио кои што требале да влезат во буџетот на државата. Го давале и земјиштето под закуп а користеле субвенции. Тоа е класичн неправда тоа е класична злоупотреба на системот на државните пари и т.н., појасни Трипуновски во своето гостување во „НАТКАСТ“.
Целото гостување на Тришуновски можете да го погледнете во продолжение: