Фудбал Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ

Казни за ФК Вардар, ова се деталите од одлуката на ФФМ

-Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра.

Казни за ФК Вардар, ова се деталите од одлуката на ФФМ

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки:

-Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра.

Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.

-Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот.

Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука.  (МИА)

To top