Македонија 365 домаќинства со материјална штета

Нови поплави во Кичево: Евакуирани 270 лица, меѓу нив и 79 деца

Меѓу возрасните, евакуирани се 102 жени и 89 мажи.

Нови поплави во Кичево: Евакуирани 270 лица, меѓу нив и 79 деца

Кичево повторно се соочува со поплави по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на водотеците и навлегување на вода во повеќе домови, информира Црвениот крст на Македонија.

До денес вкупно 270 лица се евакуирани и згрижени, меѓу кои 79 деца, 191 возрасен и 11 лица со инвалидитет.

Црвен крст

Од евакуираните деца:

5 се на возраст од 0–1 година
5 се на 2 години
15 се на 3 години
54 се на возраст од 4 до 10 години

Меѓу возрасните, евакуирани се 102 жени и 89 мажи.

-Како привремена локација за сместување е определена Спортската сала „Христо Узунов“ – Кичево, каде на погодените граѓани им се обезбедени основни услови за престој, храна, хигиена и облека. Покрај евакуираните, вкупно 365 домаќинства се евидентирани како засегнати со материјална штета. Надлежните служби се на терен и вршат проценка на штетите, додека се преземаат мерки за расчистување на теренот и нормализирање на состојбата, информираат од Црвен крст.

Најнови вести од Македонија

To top