Свет

Нигерија: Токсичен гас во рудник, 37 лица го загубија животот

Нигерија: Токсичен гас во рудник, 37 лица го загубија животот

Во рудник во Нигерија истече токсичен гас, при што животот го загубија 37 лица, а 26 се хоспитализирани, соопшти полицијата.

Прелиминарната истрага покажа дека дошло до ненадејно ослободување оловен оксид и други придружни гасови, како што се сулфур и јаглероден моноксид, кои се токсични за луѓето, особено во затворен или недоволно проветрен простор, информираат од полицијата.

Нигериската влада го затвори рудникот, а истрагата е во тек. Рударите, според министерот за развој на цврсти минерали, Деле Алаке, не биле свесни за токсичната природа на испарувањата и продолжиле да работат. (МИА)

To top