Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска присуствуваше на предавање на донација од Амбасада на САД, наменета за Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при МВР.
Станува збор за најсовремена опрема во вредност од околу еден милион евра, која вклучува роботи, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори и рендген уреди за откривање експлозивни средства, фибер-оптички камери, како и специјализирано возило за транспорт.
-Во рамки на денешните активности во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствував на предавањето на донација од Амбасадата на САД – најсовремена опрема за нашата Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства.
Оваа донација, вредна околу еден милион евра е уште една потврда за силното стратешко партнерство и пријателството меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Со оваа високософистицирана опрема која се состои од роботи, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори и рендген уреди за откривање експлозивни средства, фибер-оптички камери, како и специјализирано возило за транспорт, директно вложуваме во заштита на човечки животи и во безбедноста на нашите полициски службеници кои се справуваат со најсложени задачи.
Упатувам искрена благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка, обуките и довербата што ја даваат на македонската полиција. Продолжуваме заедно да ги јакнеме капацитетите на МВР и да градиме посигурна и побезбедна држава, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Тошковски.