Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствува на состанок во рамки на проектот UrbanGreenLeap, финансиран преку Interreg Euro-MED, во Барселона, Шпанија.
-Од 16 до 18 февруари сум во Барселона на партнерски состанок во рамки на европскиот проект UrbanGreenLeap, финансиран преку Interreg Euro-MED. Заедно со претставници од Милано, Барселона, Цеље, Вараждин, Загреб и Будва разговараме за иднината на урбаното планирање, зелената инфраструктура и одржливиот развој, објави градоначалникот Стојкоски.
Градоначалникот истакна дека ова е можност за да се учи од најдобрите и додаде дека „Ова е позиционирање на Ѓорче Петров таму каде што се носат современите европски политики“.
-Ги пренесуваме европските практики дома. Создаваме услови за нови инвестиции и поквалитетна животна средина. Нашата визија е јасна – зелена, модерна и европска општина, потенцира во објавата Стојкоски.
🇪🇸 Барселона | UrbanGreenLeap 🌿
🇲🇰🤝🇪🇺 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ РАМО ДО РАМО СО ЕВРОПА
Од 16 до 18 февруари сум во Барселона на…
Posted by Александар Стојкоски on Tuesday, February 17, 2026