Хроника

Скијач од Данска повреден во лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска повреден во лавина на Попова Шапка

Полицијата вчера во 1:50 часот добила пријава за повредено лице на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“.

-Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

За потсетување, вчера од Националниот парк Шар Планина предупредија на внимателност бидејќи забележано било значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција на планината.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од лавини на Шар Планина

To top