Свет унгарија

Орбан: Зеленски директно се вмеша во унгарската изборна кампања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „директно се вмеша“ во унгарската изборна кампања напаѓајќи ја унгарската влада, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој објави на Фејсбук дека во текот на изминатата недела, политичките напади од Украина достигнаа ново ниво.

„Кога Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаниот пристап на Украина во ЕУ, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ“, рече Орбан.

Орбан истакна дека Унгарците јасно ставија до знаење на анкетата во 2025 година дека не сакаат Украина да стане членка на ЕУ.

„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ја спроведам одлуката на унгарскиот народ. И ќе го правам тоа, одново и одново. Без разлика дали на претседателот Зеленски му се допаѓа или не“, заклучи Орбан.

To top