Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, постигна гол на денешното гостување во 22. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ал-Фатех.
Четириесет и едногодишниот Португалец го отвори резултатот во 18. минута со додавање од Садио Мане. Ова беше неговиот 962. гол во кариерата.
Роналдо играше за прв пат откако заврши неговиот штрајк поради незадоволство од политиката на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) кон Ал-Наср.
Фудбалерот претходно ги бојкотираше натпреварите против Ал-Ријад (2 февруари) и Ал-Итихад (6 февруари) во Про лигата на Саудиска Арабија, а исто така го пропушти и првиот натпревар против Аркадаг во осминафиналето на Азиската Лига на шампиони на 11 февруари.