Свет

„Лекари без граници“ ја прекинаа работата во болница во Газа поради присуство на вооружени лица

Меѓународната невладина организација „Лекари без граници“ објави дека прекинува дел од своите операции во една од најголемите болници што работат во Појасот Газа, откако пациентите и персоналот пријавија дека има вооружени, маскирани мажи во болницата.

Болницата „Насер“, во Кан Јунис, е една од ретките што работат, лекуваше стотици пациенти и ранети од војната, а врз основа на минатогодишниот договор за прекин на огнот, таа е и центар за грижа за Палестинци ослободени од затвор од Израел во замена за Израелци, заложници на палестински Хамас.

„Лекари без граници“ изјавија дека сите нивни неитни медицински операции во болницата „Насер“ се суспендирани поради „закани за безбедноста на тимовите и пациентите“.

Од „Лекари без граници“, исто така, пријавиле заплашување и произволно апсење пациенти.

За време на војната, Израел постојано ги напаѓаше болниците, вклучувајќи ја и болницата „Насер“, обвинувајќи го Хамас дека дејствува во или околу нив.

Најнови вести од Свет

To top