Овој миризлив сладок колач од тиква и ореви е идеална пригода за мало семејно дружење.
Состојки:
250 грама тиква, исечена на коцки
40 грама путер
200 грама кафеав шеќер
1 јајце
250 грама брашно
1 лажичка прашок за пециво
прстофат сол
½ лажичка сода бикарбона
½ лажичка цимет
100 мл вода
50 грама суво грозје
50 грама ореви (или лешници, бадеми)
Подготовка:
Прелијте ја тиквата со вода и кога ќе зоврие, гответе ја околу 10 минути. Потоа исцедете ја, испасирајте ја и изладете ја. Измешајте го путерот, шеќерот и јајцето, па додадете ги во тиквата. Измешајте го брашното, прашокот за пециво, солта, содата бикарбона и циметот. Додадете ги сувите состојки, водата во смесата од тиква и измешајте. Додадете ги сувото грозје и сецканите ореви. Истурете ја смесата во намастен плех за печење (31×19 см), посипете со брашно и печете во рерна претходно загреана на 180°C 40 минути.
Сервирање:
Посипете го изладениот колач со шеќер во прав и сервирајте.
Совет:
Можете да ги замените сувото грозје и оревите со друго суво овошје.