Министерот за одбрана Владо Мисајовски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји.

-Во услови на динамични глобални геополитички предизвици, единството на Алијансата е од суштинско значење за зајакнување на одбраната и безбедноста. Нашата определба е јасна и недвосмислена – мир, безбедност и стабилност како темел на просперитетот. Продолжуваме со континуирано зголемување на инвестициите во одбраната и со модернизација на македонската Армија, објави Мисајловски.

Тој истакнува дека преку конкретни договори со сојузнички држави ја унапредуваат опременоста, интероперабилноста и придонесот кон колективната одбрана на Алијансата.


