Македонија Временска прогноза

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места

Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во почетокот на новата седмица се очекува продор на постуден воздух од север, проследен со засилен северен ветер. Поради заладувањето, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, и тоа не само на планините, туку и на некои повисоки места во земјата.

Најнови вести од Македонија

To top