Барселона е во потрага по наследникот на Роберт Левандовски, чиј договор истекува оваа лето иако полскиот репрезентативец изрази желба да остане во Каталонија.
Сепак, во Барселона сметаат дека тој е во поодминати години и сакаат помлад напаѓач, а желбата на навивачите е Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид.
Реална опција е Душан Влаховиќ од Јувентус, кој налето ќе биде слободен агент и ќе го добијат бесплатно.
Тоа го потврди и кондициониот тренер на репрезентацијата на Србија, Душан Илиќ, кој воедно е и добар пријател со напаѓачот.
Тој додаде дека Влаховиќ напорно се подготвува и во март ќе се врати на фудбалските терени по повредата која ја имаше и ќе биде подготвен за трансфер во Барселона.