Фудбал

УЕФА ја санкционираше ФФМ

УЕФА ја санкционираше ФФМ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја санкционираше Фудбалската федерација на Македонија поради свирежи кон англиската химна на гостувањето во Скопје.

Од УЕФА известуваат дека националната химна на „Гордиот Албион“ бил исвиракана на натпреварот на „Тодор Проески“ кој се играше на 20-ти ноември. Поради тоа според членот 16, ФФМ ќе мора да плати казна од 15.000 евра.

Ќе потсетиме, овој натпревар беше последен во квалификациот циклус за Европското првенство и заврши без победник со резултат 1:1.

To top