Република

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје, се реализира овие денови во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Активностите започнаа вчера и завршуваат со централните манифестации во неколкуте општини, на празникот „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Традицијата започна во лозов насад во Демир Капија, каде се одржа натпревар во закројување на винова лоза, со учество на повеќе лозари од Демир Капија.

– Натпреварувачите ги покажаа своите вештини и знаење во правилното закројување, а стручна комисија ги избра најдобрите. Прво место за Спасе Димов, второ за Коце Тодоров и трето место освои Сашко Камчев. Општина Демир Капија им честита на наградените и им се заблагодарува на сите учесници за придонесот во негувањето на лозарската традиција. Нека годината биде родна и успешна за сите лозари, порачаа од демиркаписката локална самоуправа.

Оттаму додадоа дека закројувањето на виновата лоза, е симбол за почеток на новата лозарска година.

Во натпреварот за закројувањето на виновата лоза учество земаа 12 лозари, со желба за родна година и квалитетно вино.

Најнови вести од Република

To top