По свадба тапани или задоцнета реакција по прозивка на јавноста. Вака најкусо може да се опише „осудата“ на СДС на бугарските шовинистички напади врз македонскиот новинар Александар Видиновски, цели три дена по настанот. Вчера, ги прозвавме и ние и јавноста, но не се осмелија да кажат нешто против Бугарите кои шовинистички и садистички удрија по колегата и врз Македонија.
„СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и директорот на Канал 5 Телевизија од бугарски државјани.“
Доволен доказ за констатацијата „по свадба, тапани“ е фактот што СДС побара реакција на институциите дури откако истите вчера реагираа и отворија истрага за говорот на омраза. Можеби, соопштението седело во фиока три дена, додека во СДС се кршеле копја дали да се објави или не? А по три дена, веќе и не е битно, сите веќе се огласија, па СДС ќе ги снема во лавината реакции?!
По кулоарите велат дека Венко, со тешко срце дозволил каква и да е реакција, но притисокот на јавноста бил преголем, па морало да се каже збор-два против „државјаните“ на државата за која само СДС во Македонија инсистираат без никакви гаранции да влезат во уставот како државотворен народ. Други се мајтапат дека се фатиле „ко слеп за стап“ не заради космполитизмот, туку поради нешто друго на К. Некакви КОВЧЕЖИЊА, кои да не ти биле празни.
Како и да е, уплавот од реакција на стопанот од Дубаи бил голем.
Затоа и ја лиферувале „пораничко“, надевајќи се дека мамурниот лидер по вчерашната журка во Дубаи, нема ни да види…