Македонија На градскиот буџет гледам како на сопствениот

Oрце Ѓорѓиевски против вработувања кои ќе потрошат 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА, ТОА СЕ ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ

 Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје.

Oрце Ѓорѓиевски против вработувања кои ќе потрошат 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА, ТОА СЕ ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на седница од сите советници побара да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милион евра вкупно за следните 4 години.

Ѓорѓиевски е дециден дека повеќе нема место за оваа наследната пракса за партиски вработувања во Град Скопје која, како што вели, е на штета на граѓаните.

Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје.

На градскиот буџет гледам како на сопствениот. Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе.

И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните – изјави

Најнови вести од Македонија

To top