Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.
Претходно, во 19:50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје.