Скопје Општина Илинден

Одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а воедно и 17-от патронен празник на детската градинка што го носи неговото име.

Настанот започна во дворот на централниот објект на градинката, каде беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорката на градинката Катерина Бојковска, претставници од Советот на Општина Илинден, директорите на јавните претпријатија, како и други присутни гости.

Одбележувањето продолжи со свечена и внимателно подготвена приредба, на која настапија голем број дечиња. Преку песна и игра, тие достоинствено го одбележаа патрониот празник и ја изразија својата љубов кон татковината.

Градинката „Гоце Делчев“ претставува институција којашто со години е пример за успешно раководење и функционирање, сведоци и најголеми
гласници за ова се дечињата коишто секојдневно ја посетуваат и со радост ги прославуваат нејзините успеси. Општина Илинден останува посветена кон континуирана поддршка на културниот и воспитно образовниот процес на нашите најмлади жители.

To top