Македонија

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови

Најстудено утрово е во Берово, Попова Шапка, Пожаране и Маврови Анови со нула степени, а во Демир Капија, Штип и Гевгелија се измерени седум степени, информира УХМР.

На Попова Шапка има и најмногу снег 45 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 19, а во Маврови Анови 9 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Најнови вести од Македонија

To top