Македонија Град Скопје

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“

Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја, пишува во објавата на Фејсбук.

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

– Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја, пишува во објавата на Фејсбук.

Ѓорѓиевски најави дека следнава недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, којашто е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.

– Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. За да не го губиме времето, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата „Пролет“, приклучување и нов крак кон улицата „Борис Трајковски“ и уште едно проширување и нов крак на улицата „11 Октомври“, изјави вчера Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top