Една жена пронашла стар дневник и била запрепастена кога сфатила дека еден запис, стар повеќе од 40 години, имал необична сличност со нејзината ќерка. Додека чистела пред да се пресели, Сузи Милвит наишла на дневник од 1984 година, а еден датум особено ѝ го привлекол вниманието.
Сузи, 55, од Вирџинија, го расчистувала гардероберот и пронашла кутија полна со стари фотографии, картички и дневници. Решила да застане за момент и да се потсети на минатото. Таа рече дека читањето на дневникот од седмо одделение, кој го водела од крајот на 1983 година до средината на 1984 година, било „смешно и малку срамно“. Повеќето од записите се вртеле околу тинејџерска драма и симпатии.
Белешка од која се наежила
Страницата со датум 28 февруари 1984 година веднаш ѝ го привлекла вниманието.
„Морав да го прочитам неколку пати бидејќи не можев да поверувам“, рече Милвит.
„Веднаш го фотографирав и им го испратив на децата во семејниот групен разговор. Сепак, морав да искуцам што пишува бидејќи децата повеќе не читаат ракопис.“
@susiermil What are the chances? #dates #chills ♬ original sound – Susie M
Тој ден напишала во својот дневник дека училиштето е забавно, а потоа додала: „Денес е нечиј роденден, но не можам да се сетам на кого.“ Во тоа време оваа реченица не ѝ значела ништо, но подоцна ја изненади бидејќи 28 февруари е датумот кога ја родила својата ќерка, Моли, во 2001 година.
-Ме полазија морници и бев малку исплашена поради споменувањето на датумот и роденденот на кои не можев да се сетам во тоа време, но денес знам дека е роденден на мојата ќерка“, рече таа.
Случајноста е неверојатна за неа. Никој друг во семејството нема роденден тој ден.