Во Домот на Армијата во Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова.
На реферирањето за борбената готовност ќе присуствуваат и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од кабинетот на претседателката и министерот.